Несреќа за време на интервју со Иниеста, повредени 18

од desk2

 

Страшна несреќа се случила за време на интервју со Андреас Иниеста, која се урна трибина и најмалку 18 луѓе се повредени.

Имено, за интервјуто со Иниеста во емисијата „Честер“ направена е импровизирано студио на отворено со монтажна трибина. Додека Шпанецот даваше интервју, на едната страна на трибината се насобрале повеќе луѓе, при што таа паднала. Од 50-тина луѓе повредени се 18, кои се пренесени во болница, но никој не е сериозно повреден.

Иниеста на твитер напиша:

„По ужасот што го доживеавме утрово, сакам да пратам порака и охрабрување до сите нас кои бевме таму и се надевам дека повредените ќе се опорават што побрзо. Ве гушкам сите“.

Полицијата покрена истрага за да се утврди одговорноста за несреќата.

Слични содржини