Нетфликс со блокада за Русија

од Nikola Popovski

Нетфликс ги стопираше сите телевизиски проекти поврзани со Русија поради нападот на Украина, пренесува Variety, специјализиран портал за филмската индустрија.

Русија се соочува не само со економски санкции, туку и со бојкот на филмската и телевизиската индустрија.

Канскиот филмски фестивал објави дека руските претставници нема да учествуваат на овогодинешниот фестивал, освен ако не заврши војната во Украина.

Нетфликс сè уште размислува што да прави за актуелните настани во Источна Европа, со оглед на тоа што треба да произведе четири серии кои доаѓаат од Русија.

Популарниот сервис за стриминг се уште нема објавено официјален коментар.

Претходно оваа недела, Нетфликс соопшти дека нема намера да додава државни канали на руската верзија на услугата, иако нивните правила не забрануваат дистрибуција на такви канали.

Русија е една од 190-те земји каде што е достапен Нетфликс.

Слични содржини