Невил: Ми се гади од однесувањето на Роналдо, игра разни игри во соблекувалната

од Vladimir Zorba

Однесувањето на Кристијано Роналдо во последните денови и недели, како и неговата желба да го напушти Манчестер Јунајтед, не им се допаѓа на многу легенди на овој клуб.

Меѓу нив е и поранешниот капитен Гери Невил.

„Како поранешен капитен на Јунајтед, ми се гади што го гледам ова. Ѕвездата на Манчестер Јунајтед игра разни игри во соблекувалната. Не треба вака да се однесува главната ѕвезда на клубот. Ова се случи неколку пати во последните неколку години. Го имавме Пол Погба, кој цело време вака си играше со клубот“, изјави Невил во интервју за „The Overlap“.

Португалецот се уште не е сигурен во кој клуб ќе настапува во новата сезона. Моментално е на „Олд Трафорд“, но не сака да остане таму бидејќи клубот не игра во Лигата на шампионите. Покрај тоа, Кристијано смета дека клубот не донел доволно добри играчи за да биде конкурентен во следната сезона.

Минатиот викенд тој играше за тимот на пријателски натпревар, но беше изваден од игра по 45 минути. После тоа тој си замина од „Олд Трафорд“ без да го види крајот на натпреварот, што многумина го сметаат за непрофесионално однесување.

Слични содржини