Невил: Ниту еден играч на Јунајтед не би бил стартер во Сити

од Vladimir Zorba

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Гери Невил не им верува на сегашните играчи на клубот пред „дербито на Манчестер“ на стадиониот „Етихад“ од 17.30 часот.

Невил не беше пристрасен при анализирањето на составот на двата тима.

„Ќе бидам крајно искрен. Ајде да поминеме низ составите: Дијаз, Лапорт, Кансело, Вокер – сите тие се подобри од дефанзивците на Јунајтед.

Среден ред: Фернандињо, Родри се подобри од дефанзивните играчи за врска на Јунајтед, а Бернардо Силва, Гиндоган …. Бруно Фернандез е единствениот од „ѓаволите“ на кој може да се смета ако ги оцениме последните 12 до 18 месеци. Но, од другата страна, Де Бруин, Бернардо Силва, Марез, Фоден, Стерлинг… Во моментов не можам да го изберам Бруно Фернандез наместо Бернардо Силва или Де Бруин“, објасни Невил.

Тој додаде дека ниту Кристијано Роналдо нема да има место за овој тим на Сити.

„Во сегашната форма, Роналдо исто така не би паднал во стартните 11 на „граѓаните“!

Слични содржини