Невил објасни зошто Јунајтед не може да го избрка Солскјер

од Vladimir Zorba

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД вчера го загуби градското дерби против Манчестер Сити на „Олд Трафорд“.

Тоа заврши 2-0 за тимот на Пеп Гвардиола, а можеше да биде уште поубедливо доколку голманот на Јунајтед, Давид де Хеа, немаше неколку одлични одбрани.

Солскјер и понатаму ја има довербата од раководството иако неговиот Јунајтед игра очаен фудбал.

Гери Невил, легенда на клубот, се обиде да ја објасни причината поради која Јунајтед се уште не го брка неуспешниот Норвежанец.

„Ситуацијата во Јунајтед е комплицирана затоа што извршниот директор Ед Вудворд заминува за неколку недели. Пред неколку месеци му даде тригодишен договор на Солскјер и не сака неговиот последен чин во клубот да биде промена на менаџерот. Вудворд знае дека новиот извршен директор може да го фрли Солскјер во вода и да го обвини за сè“, истакна Невил.

Слични содржини