Невреме во Грција: Градоначалник нервозно вика по возачите да си одат дома (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Градоначалникот на грчки Волос, Ахилеј Беос, во вторникот наутро бил лут бидејќи мештаните ги игнорирале предупредувањата на градските власти за невремето „Данијел“ кое силно ќе го погоди градот.

Како што се гледа на видеото кое го објави на Фејсбук, Беос вика по возачите на кои наишол на поплавените улици во Волос.

„Каде одите сите? Лудо е тоа што се случува. Ви кажавме 100 пати. Апелираме до сите да останат дома. Од вчера ви кажуваме, реките ќе се излеат, знаете ли колку вода доаѓа? Одете во своите домови“, наведе Беос.

Набргу по ова видео, градоначалникот на Волос продолжи да ги објавува напорите што се прават во многу лоши временски услови.

„Ситуацијата е се полоша и полоша. Погледнете што се случува во Краусиндона и плажата кон Агрија. Последните прогнози покажуваат дополнително влошување на времето во текот на денот. Избегнувајте непотребни патувања денес и утре. Многу е веројатно дека ќе видиме нови рекордни дождови, евентуално паневропски, велат експертите“, напиша тој во објавата што ја придружува видеото.

Во меѓувреме, во друго видео што го објави на Фејсбук, Беос ги повикува луѓето да ги слушаат апелите на Општината и да соработуваат.

„Пред се, заради сопствената безбедност“, пишува тој.

Слични содржини