Невремето однесе 8 жртви во Грција

од Vladimir Zorba

Осум лица загинаа во грозоморно невреме на островот Евија, а грчките служби за итни случаи сè уште трагаат по луѓето кои можеби биле заробени под урнатините.

Осуммесечно бебе беше меѓу жртвите, а полицијата успеа да идентификува уште една жртва утрово, човек кој беше наведен како исчезнат. Неговото тело било пронајдено на плажата Агиа Апосоли по цело ноќно пребарување. Несреќниот човек најверојатно бил одведен од поројот. Кога го најдоа, тој бил само во долна облека.

Бројни куќи, патишта и возила беа уништени во страотното невреме што го погоди островот во текот на викендот. Поројот носеше сè пред себе, а мештаните велат дека едвај им го спасиле животот. Некои се врзувале на дрво за да не ги однесе водата.

– Мојот братучед ме разбуди околу 4,30 часот, врескајќи дека тој се дави и дека морам да му помогнам. Неговите родители, кои имаат деменција, биле во куќата. Тие биле разбудени од вода што почнала да навлегува под вратата. Тие ја отвориле и вода влегле во куќата. Бев оддалечен 100 метри од нив и немаше што да правам. Се држев до мојот чичко, поројот нè фрли во ограда. Братучедот тогаш ги врзал чичко му и тетка му и нашето куче на палма за да не ги одвлече поројот – сведочеше Каломира Бертоли.

Таа вели дека сè е уништено, дека водата им ги однела патиштата, куќите биле полни со кал, а плажите биле уништени.

Слични содржини