Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски да си поднесе оставка, сака да ја претвори партијата во налик на Златна Зора

од Nikola Popovski

„Ова е уште еден доказ дека Мицкоски е казнет и од нашето членство кое не дозволува ВМРО-ДПМНЕ да биде претворена во партија налик грчката Златна Зора“, реагира во соопштение до јавноста независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Со жалење констатираме дека Христијан Мицкоски и донесе пораз на ВМРО-ДПМНЕ, а со тоа, потврда дека на партијата и се неопходни реформи и темелна чистка, со цел нејзина демократизација. На членството му благодариме за стабилната поддршка која ја покажа, за разлика од Христијан кој донесе само негатива, покажувајќи дека не умее да го искористи кадровсиот потенцијал на нашата партија и избра да оди со кандидати како министерката на Бранко-Гога и Сафет Бишевац. Изборниот пораз на ВМРО-ДПМНЕ кој го донесе Мицкоски е последица на распарчувањето на партијата кое тој го донесе, исклучувајќи ги сите кои мислат различно од него и неколкумината негови потрчковци. Наместо како лидер, да обединува за силна победа, тој ширеше омраза, лаги и го ситнеше отпорот против владејачката гарнитура“, стои во реакцијата на независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Според групата, „Мицкоски останал на страна и од помирувањето кое е толку потребно во македонското општество“.

Тие го повикаа Мицкоски да си поднесе оставка.

„Срамно е немањето на доблест за признавање на дебаклот кој ние најавивме дека ќе и се случи на партијата, а со оглед на деструктивните политики водени од Мицкоски. Залудни се оправудавањата дека ВМРО-ДПМНЕ ја победила СДСМ и обидите за манипулација на чесното членство. Наместо тоа, Мицкоски, веднаш, без размислување, треба да поднесе оставка за катастрофалниот резултат кој и го донесе на партијата. Со него, треба да ги понесе и неговите „лева“ и „десна“ рака, како и сите нивни придружници кои изминативе години во континуитет ја носеа партијата во пропаст, наместо да се залагаат за членство на Република Северна Македонија во Европската Унија и НАТО“, стои во соопштението.

Слични содржини