Николова: Следната година ќе биде подобра, со Буџетот за 2023 ќе ја победиме кризата

од Nikola Popovski

Буџетот за 2023 година е со цел конечно да ја победиме кризата, да почнеме економски да растеме, да го зголемиме животниот стандард на сите наши граѓани. Следната година мора да биде и ќе биде подобра од оваа. Следната година е година на надеж и на економска пресвртница, изјави пратеничката на СДСМ, Даниела Николова.

Според нејзините зборови, околу 800 милиони евра се предвидени за капитални проекти, за нови улици и патишта, за нови водоводи, за но градинки и училишта, за нови амбуланти и болници.

-Во овие десет месеци ја држевме цврсто економската линијата за борба против кризата,но веќе од следната година со новиот Буџет правиме економска офанзива

Правиме општествена промена, преку енергетската транзиција, нови странски директни инвестиции и силна поддршка за граѓаните и домашната економија, истакна Николова на прес-конференција.

Слични содржини