Николовски бара Димова да понесе политичка и морална одговорност, ќе бара нејзино разрешување

од Vladimir Zorba

Вицепремиерот за борба против корупцијата, криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски во емисијата „Клик плус“, на ТВ 21 најави дека на следната следница на Владата ќе побара оставка, односно налог за разрешување од надлежниот Управен одбор на директорката на Националната агенција за европски програми и мобилност Лидија Димова.

„Ние сме на почеток на преговори со ЕУ ги отвораме сите фондови, пред нас се големи предизвици и затоа законот мора да важи за сите, никој не е недопирлив“, истакна Николовски.

Тој додаде дека на институциите треба да им се остави простор за да се утврди вистината и за расчистување на овој случај.

– Секако постои пресумпција на невиност, но етички кодекс на членовите на владата и избраните функционери предвидува и санкции, како и поднесување на политичка и морална одговорност, нагласи Николовски.

Ако Димова не поднесе оставка, бидејќи тоа е работа на Управниот одбор на Националната агенција, ќе побарам нејзино разрешување, нагласи Николовски.

Со ова разрешување, според него, Владата сака да прати порака до сите дека навистина се спремни да се борат против корупцијата и дека нема двојни аршини.

– Сме добиле огромна чест и одговорност од граѓаните, која мораме да ја оправдаме, порача синоќа вицепремиерот за борба против корупцијата.

Слични содржини