Николовски: Одамна немало толкав степен на кохезија внатре во партијата

од Vladimir Zorba

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во интервју за Ипортал вели дека атмосферата во партијата е „победничка“ и дека одамна немало толкав степен на кохезија внатре во партијата.

– Сите капацитети на партијата ги ставаме во служба на граѓаните и нивните интереси. Впрочем тоа го гледате и на овие трибини ширум земјава. Нашиот политички опонент од друга страна никаде го нема, каска далеку зад нас. Велеа секој ден ќе бидат на улици, на плоштади, а тоа не се случува, свесни дека немаат никаква поддршка од граѓаните, вели Николовски.

На прашањето што конкретно очекуваат од изборите и на колку пратеници се надева СДСМ, Генсекот очекува граѓаните да потврдат дека државата е на прав пат.

– Тој прав пат води кон раст на минималната плата од 9.000 на 14.500 денари, води кон раст на пензиите од 900 денари, кој зголемување на просечната плата за над 2.000 денари, за само две години. Тој пат води кон раст на платите во здравството, образованието, одбраната, детската заштита, кон редовни и навремени субвенции, кон повеќе пари кај земјоделците, повеќе пари за сите граѓани. Конечно, тоа е прав пат кој во кон НАТО и ЕУ, посочува Николовски

За тоа дека граѓаните се уморни од избори и колку се загрижени во партијата за потенцијалната слаба излезност на изборите, Николовски вели дека изборите се најважната демократска придовка и граѓаните тоа свое право секако дека ќе го искористат.

– Секогаш кога граѓаните требало да донесат важна одлука, мислејќи на иднината на државата, тие реагирале. Ги разбирам граѓаните целосно, но, уверен сум дека изборите ќе бидат успешни и ќе продолжиме по прав пат. Нашата понуда е искрена, чесна и е поткрепена со бројни резултати во изминативе две и пол години. Она што го испорачавме за 2.5 години не е направено во изминатите 11 години. Дали е тоа во делот на враќањето на парите кај граѓаните, дали е тоа во делот на поголемите плати, пензии, на рекордните инвестиции, дали кога говориме за изградени 500 километри патишта, 43 нови градинки, училишта, 400 километри водоводи, нови болници, лекови бев квоти, рекордни и навремени субвенции, пласман, откуп….буквално во секој сегмент од секојдневниот живот на граѓаните. Ние имаме искрен пристап кон граѓаните, смета поранешниот министер за земјоделство.

Слични содржини