Николовски: Владата од 2018 година неколкукратно ги зголеми платите на медицинските сестри

од Nikola Popovski

На меѓународниот Ден на медицинските сестри, заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски се сретнал со медицинските сестри вработени во Струшката Општа Болница.

„Лично и од срце им изразив благодарност за нивната пожртвувана, храбра и несебична работа, за нивниот придонес за здравјето на граѓаните, особено во борбата против пандемијата со коронавирусот. Симболичната донација е за носителите на главната улога во оваа пандемија“, истакнал Николовски.

Според него, трудот на медицинските сестри денеска е ценет како никогаш досега.

„Оваа Влада, започнувајќи од 2018 година до денес, неколкукратно ги зголеми платите на медицинските сестри“, потенцира Николовски.

Слични содржини