Николовски: Владата цврсто е одлучна да го спречи, непотизамот во јавниот сектор

од Берта Китинска

Речиси 19 закони од областа на вработување во државата преставуваат системски слабости за борба против непотизмот се вели во последната анализа на Транспренси Интернешнл – Македонија „Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус на непотизам, кронизам и клиентелизам“.

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска, во изјава пред новинарите рече дека прашањата поврзани со непозитам предизвика отварање на бројни предмети за работа во ДКСК, односно од 66 предмети за непотизам кој ги работеле се произлезени многу точки кој покажуват дека законската регулатива е прилично ранлива.

– За лицата кој што се вработуваат по Законот за работни односи, не се утврдени критериуми за евалуација на личните и стручните квалификаци на кандидатите. Комисиите за селекција и избор на кандидати немат пракса да подготвуваат ранг листа, туки истите доставуват список на кандидати кој ги исполнуват условите, а тоа најчесто се сите оние кој што се пријавени. Интервјуто како завршна фаза во процесот на вработување најчесто се користи како основна алатка за избор на т.н подобни кандидати, рече Николовска.

Во понатамошно излегање таа додаде дека анализата на проектот покажа дека честа е појавата одговорното лице да ги злоупотреби дискреционите овластувања, не водејќи притоа сметка за сите факти и околности за дадените случаи ниту за начелата законитост и справедливост.

– Честа форма на вработување во органите на државна управа е временото вработување преку Законот за агенци за времени вработувања, без притоа да се води грижа дали лицата кој се ангажират дали ги поседуват бараните квалификаци, искуства и вештини. Причините за ваквиот начин на однесување на одговорните лица може да се детектира во постоење на политичко влијание, партиска припадност, отсуство на интегритет како личен, така и иституционален, недоволна транспарентност во постапките за вработување, наведе Николовска.

Претседателката на Транспренси Интернешнл – Македонија, Слаѓа Тасева, истакна дека во овој проект се утврдени голем број на проблеми кој што се вградени во законите и кој што овозможуват да се применуват практики и постапки кој што повеќе им дават предност на лица кој се поврзани со одредени групи на политички парти, клиетелизам, кронизам.

– И понатаму унапредувањата, изборите и именувањата, значи се се одвива без критериуми и без соодветни постапки. Утврдивме нефукционални институци кој што треба да спроведуват контрола, утврдивме несоодветно вработување во институците зависно од потребите на политиката. Некој имаат пет пати поголем број на вработени, а ист број на жители и потреба. Утврдивме и институци без вработени, рече Тасева.

Вицепремиерот задолжен за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски потенцираше дека непотизам и корупција при вработувањата во јавниот сектор имало секогаш и истото не може лесно да се искорени, но, Владата е цврсто одлучна да ги употреби сите механизми за спречување на оваа појава во иднина.

– Не можеме да очекуваме напредок и резултати од работата на јавниот сектор, доколку изборот на вработени не се одвива според предвидените квалификации за одредено работно место. Не можеме да очекуваме напредок доколку вистинските луѓе не дојдат на вистинските позиции. Во целиот процес за превенирање и откривање на корупцијата потребна ни е ефикасна и професионална администрација, на што во следните четири години ќе посветиме сериозно внимание, изјави вицепремиерот Николовски.

Новиот министер за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, во својот говор акцентот го стави Стратегијата за РЈА, која подразбира стручна, професионална и департизирана администрација.

Очекувани резулати од вака поставената цел се: деполитизирана јавна администрација и вратена довербата на граѓаните во институциите, како и функционална правна држава и владеење на правото.

– Министерството за информатичко општество и администрација во изминатите три години интензивно работеше на спроведување на мерката: Намалување на ризиците од политизација преку воведување на јасни критериуми и транспарентност при изборот на најдобар кандидат за вработување и унапредување, истакна Шаќири.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за административните службеници и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за вработените во јавниот сектор, како што додаде Шаќири се на ЕНЕР поставени веќе цела година, а се резултат на сеопфатна дебата на Министерството со засегнатите страни.

Воедно тој додаде дека во Министерството е формирана работна група која ќе направи ревизија на предложените решенија.

Слични содржини