Ноќеска без прекршување на полицискиот час во тетовско

од Aleksandar Petrovski

Од почетокот на полицискиот час во тетовско од вчера во 21 часот до 7 часот утринава тетовската полиција нема евидентирано прекршување, информира денес Марјан Јосифоски, портпаролот на СВР Тетово.

Граѓаните од сите тетовски општини од вчера во 21 часот до понеделник во 5 часот ќе треба да останата во домовите согласно мерката за ограничено движење.

 -Полициските службеници во текот на периодот на ограниченото движење од четврток во 21 до понеделник до 5 часот постојано ќе контролираат дали се почитува ограничувањето  на движењето, како одлука од страна на Владата, потенцира Јосифоски.

 Во текот на изминатото деноноќие тетовската полиција бележи 59 прекршочни платни налози за неносење на заштитни маски согласно член 6  од соодветната владина Уредба.

 Нови решенија за изолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат изготвени им се на вкупно 35 лицa, додека вкупно биле контролирани 393 лица со вакви решенија.

Изјави за самоизолација потпишале вкупно 18 лица, а контролирани биле 73 лица со потпишани изјави за самоизолација.

Слични содржини