Ноќеска повторно стресе во Македонија

од Vladimir Zorba

Земјотрес со магнитуда од 4.1 степен ноќеска неколку  минути пред три часот го стресе југот на Македонија.

Според Европската сеизмолошка опсерваторија (ЕМСЦ) јачината на земјотресот изнесува 4.1 степен.

Епицентарот на земјотресот е 12 километри од Ресен, односно 8 километри од селото Косел. Засега нема пријавено штети од земјотресот.

Според податоците на Телеметриската сеизмолошка мрежа на Природно-математичкиот факултет во Скопје, имало два земјогтреса а епицентрите на двата земјотреси се лоцирани во подрачјето меѓу градовите Охрид и Ресен.

Интензитетот на првиот земјотрес е 3,1 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на длабочина од пет километри, додека вториот е со интензитет од 2,5 степени, лоциран на два километри во земјината кора.

Двата земјотреса со умерен интензитет утрово го потресоа југозападниот дел на Македонија, односно охридското епицентрално подрачје. Првиот посилниот земјотрес беше почувствуван во 2:01, додека вториот со послаб интензитет во 8 часот изутринава.

Слични содржини