Норвешка ќе им помогне на граѓаните: Државна помош за домаќинствата кои имаат високи сметки за струја

од Берта Китинска

Норвешката влада сака да го олесни товарот од зголемувањето на сметките за струја за своите граѓани.

Tамошните домаќинства кои добиваат екстремно високи сметки за струја ќе добијат државна помош.Државата ќе им плаќа половина од сумата којашто ја надминува граничната цена од 7,8 центи за киловат.Мерката ќе стапи на сила во декември и ќе трае до март, пишува Investitor.me.

– Вонредната состојба бара вонредни мерки, изјави премиерот Јонас Гар Стор на прес-конференција во саботата во Осло, пренесе Хина.

За оваа помош на граѓаните, според владините проценки, државата ќе одвои 560 милиони долари.

Цените на струјата значително се зголемија низ Европа во последните месеци.

Слични содржини