Нов фаворит за местото на Почетино во ПСЖ

од Vladimir Zorba

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне е новиот фаворит за наследник на Маурисио Почетино во Пари Сен Жермен, тврди францускиот весник „Екип“. Зинедин Зидан досега важеше за прв избор на француските катарски газди при разделба со актуелниот ментор.

Парижаните го гледаат аргентинскиот стручњак како идеална опција за тренерската позиција на тимот. Сепак, Чоло има договор со Атлетико до 2024 година, а дури има информации дека е најскапо платениот тренер во светот.

Други имиња кои се споменуваат за постот на Почетино се Зинедин Зидан, Масимилијано Алегри, Ерик Тен Хаг и Симоне Инзаги.

Слични содржини