Нов фитнес простор на отворено во Бутел

од Vladimir Zorba

Заедно со службата за комунални дејности од Општина Бутел, во редовна еколошка акција, денес беше исчистен дворот на основното училиште Ацо Шопов, во Радишани.

Воедно, во истиот училишен двор, започна да функционира фитнес на отворено. Станува за збор за убаво урбано спортско – рекреативно катче, по светски стандарди, слободно за користење од сите млади од Општината.

“Чистата животна средина и чистите училишни дворови за младите се нашиот постојан приоритет. Се грижиме за потребите на младите, ги слушаме нивните предлози и заедно реализираме проекти коишто му даваат дополнителна вредност на маалскиот живот и на слободно поминатото време на младите.”, рече Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски.

Слични содржини