Нов проблем за Ливерпул

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп ќе мора да се справи со нов проблем поврзан со повредите во тимот. Последниве недели тешко го склопуваше средниот ред на тимот, бидејќи многу од клучните играчи од средниот ред беа повредени. Сега можеби ќе остане без Енди Робертсон одреден период.

Капитенот на Шкотска се повреди вчера при победата над Данска. Тој доби истегнување и го напушти теренот во 79. минута. Шкотите не дадоа информации за неговата состојба по натпреварот, а од Ливерпул се надеваат дека повредата нема да го оддалечи уште долго од терените.

Добри вести има сепак и во Ливерпул, откако вчера младиот талент на тимот од Мерсисајд, Харви Елиот продолжи со тренинзи само два месеци по тешката повреда на скочниот зглоб што ја доби на мечот против Лидс.

Слични содржини