Нов земјотрес во Хрватска: Се тресеше Банија, епицентарот близу Сисак

Земјотрес со јачина од 3,4 степени ја погоди Банија во Хрватска во петокот попладне, пренесува ЕМСЦ.

Епицентарот на земјотресот бил на 25 километри западно од Сисак на длабочина од 5 километри.

„Хорор, до кога веќе“, е еден од коментарите на веб-страницата на ЕМСЦ.

Другите корисници на страницата велат дека се слушнал силен татнеж, а после тоа се тресел 10 секунди.

„Еден од подобрите во последно време“, напишал друг корисник.

Сведоците на земјотресот изјавуваат дека станува збор за краток шок или земјотрес со среден интензитет.

Слични содржини