Нова давачка во сметките за струја – „Пристап до мрежа“

од Nikola Popovski

Струјата поскапува за оние што ќе трошат повеќе. Се чека од Регулаторната комисија за енергетика да пресече колку од прикажаните трошоци на компаниите ќе бидат прифатени. Новина е што ќе се вметне и нова давачка „пристап до мрежа“, а постојната ставка „мрежарина“ ќе биде пониска.

Според првиот човек на РКЕ, Марко Бислимовски, со новата давачка за пристап до мрежата, ќе се воведе правичност, затоа што не е во ред оние кои постојано ја користат мрежата, да плаќаат исто со оние кои тоа го прават ретко, како на пример во викендиците. Уверува дека таа нема да направи ценовен шок, а најверојатно ќе се намали  и мрежарината.

Според најавите оваа давачка би изнесувала од 3 до 4 евра. Пресметките покажуваат дека месечно би се собирале околу 2 до 3 милиони евра или 30 милиони евра годишно, кои ќе одат на сметка на ЕВН.

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека новата пресметка нема да влијае врз домаќинствата кои користат најмалку струја блок 1 и 2, туку само за оние како што вели, кои ја користат за луксуз.

Новата давачка е најавена на сметките за струја од јануари. Денес се очекува РКЕ на прес-конференција да даде повеќе детали.

Слични содржини