Нова необјавена снимка од полициска бруталност: Полицаец клечел врз вратот на Афроамериканец (видео)

од Nikola Popovski

Полициското одделение во Флорида започна внатрешна истрага откако се појави видео на социјалните мрежи на кои се гледа како полицаец во Сарасота, клечи со колено врз вратот на еден афроамериканец при апсење.

Во снимката која трае 90 секунди, снимена од мобилен телефон, на инцидентот кој се случил на 18 мај, може да се видат тројца полицајци кои се обидуваат да го уапсат човек. Потоа, еден од двајцата полицајци се видел како клекнува на главата и вратот на човекот.

Човекот, кој бил уапсен за семејно насилство, се слуша како извикува: „Зошто бев уапсен?“ додека полицаецот клекнува врз него.

„Додека викав и прашував: Зошто сум уапасен, тој почна да го става коленото врз вратот“, изјавил Петрик Керол во интервју за филијалата на Си-Ен-Ен, ВФТС.

Видеото ги разбуди страстите додека протестите продолжуваат низ целата земја, барајќи се правда и реформи во САД по смртта на Џорџ Флојд.

Во полицискиот извештај за инцидентот, кој го добил Си-Ен-Ен, еден од инволвираните полицајци вели дека, откако Керол бил приведен со лисици на рацете, „обвинетиот се обидел да се оддалечи од службениците и одби да влезе во задниот дел на патролното возило. Тој бил соборен со употреба на сила и бил држен доволно долго за да се смири “.

Одделот за полиција во Сарасота во вторникот објави дека не знаела за видеото се до понеделникот, кога одделот бил означен во објава на социјалните медиуми, што покажува дел од апсењето. По разгледувањето на неколку видеа, шефот Бернадет Дипино веднаш започнал официјална истрага, соопштиле од одделот.

Неидентификуван полицаец бил ослободен од работа и испратен административно отсуство.

Керол не побарал медицинска помош ниту формално се пожалил на некакви повреди за време на инцидентот на 18 мај, соопштило полицијата.

Полицијата, исто така, во извештајот за инцидентот соопштила дека Керол се спротивставил на апсењето.

Сепак, за време на разговорот со новинарите, Керол вели дека не се спротивставил. Тој изјавил дека се обидувал да се раздвижи, за да има „циркулација низ телото и грлото“.

Слични содржини