Новак како ирвас: На фановите им се допадна Божиќната честитка

од Vladimir Zorba

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ им го честиташе Божиќ на сите што го слават празникот според грегоријанскиот календар.

Новак го стори тоа на убав начин, со монтажа на која има капа со рогови од ирваси.

Потоа ги замоли следбениците да го идентификуваат авторот, доколку е познат.

Следуваа бројни пораки на благодарност од верници и навивачи од целиот свет.

Инаку, Ѓоковиќ се подготвува за новата сезона во Дорчол, во друштво на бројни тенисери кои ги собра.

Слични содржини