Новата словачка влада го отфрли пакетот воена помош за Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Новата словачка влада денеска го отфрли нацрт-планот за донирање ракети и муниција на Украина, по ветувањето на Роберт Фиц дека ќе ја запре воената помош за Киев, објави „Ројтерс“.

Пакетот помош вклучуваше 140 ракети од системот за противвоздушна одбрана KUB, повеќе од 5.000 муниција за топови од 125 милиметри и четири милиони парчиња муниција за малокалибарско оружје, според договорот што претходно го склучи привремената влада на земјата пред да ја предаде власта минатиот месец.

Владата на Фиц го отфрли пакетот на денешната седница на владата, се наведува на веб-страницата на словачката влада.

Слични содржини