Нови 177 заразени со Ковид-19, две лица починаа

од Vladimir Zorba

Во последните 24 часа регистрирани се 177 нови случаи на заболени од Ковид-19 во земјава, излекувани се осум пациенти, а починаа две лица починаа како резултат на коронавирусот.

Со ова вкупниот број позитивни случаи во земјава достигна 2.789.

Од 177 нови, 105 во Скопје и двајца починати. Повторно појавен еден случај во Дебар. Куманово 26, Штип 15, Тетово 13.

Направени се 1.245 теста.

Заразени по општини:

Скопје – 105
Куманово – 26
Штип – 15
Тетово – 13
Гостивар – 8
Гевгелија – 2
Дебар – 1
Струга – 1
Велес -1
Битола – 1
Охрид – 1
Валандово – 1
Св. Николе – 1
Неготино – 1.

Слични содржини