Нови 196 случаи, пријавено едно починато лице од ковид

од Берта Китинска

Министерството за здравство информира,согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.067 тестови, а регистрирани се 196 нови случаи на КОВИД-19: Скопје –105, Битола – 30, Прилеп – 13, Охрид – 11, Куманово – 7, Штип и Виница – по 4, Велес, Кичево, Струга и Гевгелија – по 3, Кавадарци, Струмица и Ресен – по 2, Гостивар, Кочани, Неготино и Свети Николе – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (196), регистрирани се 38 реинфекции.

Регистрирани сe 23 оздравени пациенти од: Кавадарци – 7, Битола – 5, Делчево – 3, Велес -2, Гостивар, Кичево, Кочани, Гевгелија, Неготино и Ресен – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, е регистрирано едно починато лице од Битола (81г), починато во болнички услови. Од вкупниот број на починати лица (1) , кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети.

Направени се 2.067 тестови преку: ИЈЗ-125, ЦЈЗ Скопје-90, ЦЈЗ Битола-65, ЦЈЗ Прилеп-29, ЦЈЗ Тетово-11, ЦЈЗ Куманово-36 ,Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–175, Жан Митрев (Филип Втори)-20, Авицена-46, Биотек-50, Систина-22, лабораторија Лаор-65, Синлаб-5, Ремедика-0, Плодност-28, Генеа-7, Никоб Лаб-224, ВФВ Медикал-34, Ели Медика Плус-22, Ројал Медика–12, Спектра-ММ-7, Рапид Лаб–21, Жан Митрев Струмица–8, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-15, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 946.

Досега во земјата се направени вкупно 1.969.035 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306.670, бројот на оздравени пациенти е 295.457, на починати е 9.228, а бројот на активни случаи изнесува 1.985.

Слични содржини