Нови 45 случаи на ковид во Скопје

од Берта Китинска

Според статистиката на министерството за здравство во последните 24 часа направени се 793 тестирања и регистрирани се 72 нови случаи на ковид-19, од кои 45 се од Скопје

Досега во Скопје се регистрирани 38853 позитивни лица од кои активни се 7027.

На Инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава лежат 598 болни од ковид-19 и има околу 650 празни болнички кревети во Ковид-центрите.

Вкупно ковид дијагностицирани во земјава почетокот на епидемијата се 89.463, оздравени се 74.800, починаа 2.739, а активни случаи се 11.924.

Слични содржини