Нови детали од ужасот кај Атина: Четворица мртви во напад на бродска компанија, напаѓачот се самоуби

од Stefanija Kuzmanovska

Три лица беа убиени во престрелка во бродска компанија во Глифада кај Атина, а сторителот се самоуби, јавува грчката телевизија ЕРТ.

Напаѓачот се самоубил во канцеларија на таа фирма. Тој утрово влегол во зградата и почнал да пука.

Според грчките медиуми, сторителот е 70-годишен маж, поранешен вработен во компанијата.

На местото на настанот се испратени најмалку три возила на брза помош.

Мотивите за нападот не се откриени.

Слични содржини