Нови детали за ужасот во Германија: Напаѓачот пред убиството извикувал „Алаху Акбар“

од Берта Китинска

Властите ги испитуваат мотивите на вчерашниот напад во германскиот град Вирцбург, во кој маж вооружен со нож уби тројца и рани уште најмалку пет лица.

Тие не ја исклучуваат можноста за терористички акт. Полицијата вчера попладне уапси човек осомничен за извршен напад и потврди дека станува збор за Сомалиец (24) кој живее во Баварија, а по тој повод тој бил полесно ранет во ногата и подоцна бил испрашуван во болницата, пренесува АП. Министерот за внатрешни работи на Баварија, Јоаким Херман изјави дека човекот бил на психијатриско лекување пред нападот и и бил познат на полицијата.

Тој исто така рече дека не може да се исклучи исламистички екстремистички мотив затоа што еден сведок го слушнал осомничениот како извикува „Алаху Акбар“, арапска фраза која значи „Бог е најголем“. Сомалиецот живее во Вирцбург од 2015 година, неодамна во прифатилиште за бездомници и беше утврдено дека не ги познава жртвите.

Слични содржини