Нови смртни случаи во Англија: Бројот на починати порасна на 414

од Nikola Popovski

Бројот на починати од коронавирусот во Англија се зголемил на 414, според англиската Национална здравствена служба.

Во соопштението се вели дека бројот на починати во Англија е зголемен по смртта на уште 28 лица кои биле позитивни на тестот за коронавирус.

Најновите жртви се на возраст меѓу 47 и 93 години, а сите лица веќе страдале од некоја друга болест, освен еден четириесет и седумгодишен маж.

Бројот на мртви од коронавирус во Велика Британија порасна за 87 во изминатото деноноќие, што е најголем пораст од почетокот на кризата.

Слични содржини