Новинар го нападна Ѓоковиќ: Да ги врати парите од наградниот фонд на Вимблдон

од Nikola Popovski

Новак Ѓоковиќ ја освои седмата титула на Вимблдон и додека стигнуваат честитки од сите страни, имаше и такви кои уште еднаш ја искористија можноста да го нападнат српскиот тенисер.

Новинарот на „Гардијан“ и на „Вашингтон пост“ Бенџамин Батерворт побара од Ѓоковиќ да се откаже од 2.361.520 евра кои ги заработи со освојувањето на титулата.

Неговиот твит предизвика многу бурни реакции и налути многу корисници.

„Ѓоковиќ не заслужува ниту денар од наградниот фонд на Вимблдон. Ако сите ние донесовме себични одлуки и ја одбиевме вакцината против Ковид како него, тогаш овој турнир немаше да постои. Тој покажа непочитување кон противникот и љубителите на тенисот. Треба да донира два милиони од наградата за добротворни цели, за сите оние кои се борат со корона или семејствата кои изгубиле сакани поради корона. На тој начин би покажал колку сериозен е за да се искупи“, напиша Батерворт.

Слични содржини