НОВО ВИДЕО од финската премиерка: Сана во страстна прегратка со поранешна мисица

од Stefanija Kuzmanovska

Се појави ново видео од финската премиерка Сана Марин (35), на кое се гледа како танцува со две години помладата инфлуенсерка и модел Сабина Сарка, која ја претставуваше Финска на изборот за Мис на светот во 2012 година.

Странските медиуми пишуваат дека снимката е направена во истиот клуб како и претходните снимки, каде, меѓу другото, Марин танцуваше и со пејачот Олави Усивирт. Судејќи по облеката што ја носеше финската премиерка на најновото видео, може да се заклучи дека тие се снимени истата вечер, објави Index.hr.

Ниту премиерката, ниту инфлуенсерката се уште не се огласиле во врска со видеото.

Потсетуваме, откако видеата се појавија во јавноста, Марин беше тестирана на дрога, а резултатите покажаа дека е негативна.

Таа претходно изјави дека ѝ пречи што на интернет се објавуваат видеа на кои се забавува на приватни забави.

Слични содржини