Објавено ВИДЕО на кое се гледа како руски борбен авион собори американски дрон

од Stefanija Kuzmanovska

Армијата на Соединетите Американски Држави објави видео како рускиот борбен авион Су-27 го собори американскиот дрон MQ-9.

Споменатиот инцидент се случил во вторникот во раните утрински часови околу седум часот по источноевропско време.

На објавената снимка се гледа како борбениот авион Су-27 лета кон беспилотно летало MQ-9 и во моментот на неговото приближување почнува да испушта гориво, а потоа го прелетува дронот.

На видеото се гледа како камерата забележува дека престануваат да работат пропелерите на леталото, кои се вртат се побавно, а потоа следи уште еден момент кога Су-27 испушта гориво на дронот.

Меѓутоа беше ускратен моментот на падот на леталото во Црното Море, бидејќи снимката застанува таму. Според една верзија сигналот бил прекинат, а според друга видеото е замрзнато.

Слични содржини