Обезбедување кворум за работа на Парламентот не значи и влез во Владата, посочи Таравари

од Vladimir Zorba

Лидерот на политичката партија Алијанса за Албанците, Арбен Таравари најавува дека во петок ќе биде донесена одлуката за евентуален влез во Владата.

На новинарско прашање и коментар околу давањето поддршка за обезбување на кворум за одржување на седница во Собранието дека тоа значи поддршка на мнозинството и влез во Владата, Тараври одоговори тоа што некоја партија ќе обезбеди кворум за работа на Парламентот не значи и влез во Владата.

-Не, нема врска. Не е прв пат некогаш ние, а друг пат ВМРО=ДПМНЕ да обезбеди мнозиство за да функционира Собранието. Сме правеле и мнозинство кога се носеше Буџетот. Така ќе продолжиме без разлика на се, рече Таравари на настан по повод одбележување на Денот на турскиот учител во Гостивар.

Тој дополни дека Алијанса за Албанците придонела и за кворум за гласање на францускиот предлог и договорот со Бугарија и напомена дека и покрај тоа што се во опозиција во одредени ситуации, кога како партија и пратеници ќе оценат дека на работата на Собранието му треба подршка, тоа ќе го прават.

Слични содржини