Актуелно
Почетна / Сцена / Објавите на ѕвездите од карантин ги разбеснаа фановите: Мора да ви е тешко во тие големи вили

Објавите на ѕвездите од карантин ги разбеснаа фановите: Мора да ви е тешко во тие големи вили

Бројни светски ѕвезди побрзаа на социјалните мрежи да се пожалат на самоизолацијата и на фановите да им покажат дека псотојаното седење дома не мора да биде тешка работа.

Па така, Кардашијанките и нивната мајка Крис Џенер им порачаа на фановите дека доколку тие можат да издржат во самоизолација во своите вили со огромните приватни полиња и коњи кои можат да ги јаваат, тоа го може секој.

View this post on Instagram

movie suggestions? 🖤

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner) on

Џастин Бибер покажа како се забавува во својата огромна вила, Марта Стујард се јавила од својата луксузно опремена кујна за да покаже дека секој може да готви, а пејачот Сем Смит дури покажа како излгеда „сломот“ поради самоизолацијата додека седи на скалите од својата вила вредна 12 милиони долари.

Но, фановите на социјалните мрежи не беа воодушевени од нивните совети. Тие се бесни бидејќи ѕвездите се жалат на самоизолацијата, а во своите вили имаат се што можат да замислат.

View this post on Instagram

Stages of a quarantine meltdown

A post shared by Sam Smith (@samsmith) on

loading...