Обновен е транзитот на руска нафта низ Украина

од Vladimir Zorba

„Транснефт“ го обнови снабдувањето со нафта од Русија преку гасоводот „Дружба“ низ Украина. Ова утрово го соопшти советникот на претседателот на компанијата, Игор Демин, пренесе РИА Новости.

На овој начин е обновена испораката на нафта долж јужниот крак на гасоводот низ Украина, во правец кон Унгарија и Словачка. Словачката рафинерија Словнафт потврди дека нафтата почна да влегува во земјата.

Вчера се дозна дека испораките на руска нафта преку гасоводот „Дружба“ за Чешка нема да бидат обновени, без да се наведат детали за тоа.

Унгарскиот МОЛ и словачкиот Словнафт одделно платиле за транзит на руска нафта преку нафтоводот Дружба низ територијата на Украина.

Транзитот на нафта беше стопиран неколку дена (од 4 август), на украинска страна, „поради технички проблеми на банките, поврзани со плаќањето на транзитната такса од руската страна“, соопшти вчера МОЛ.

Слични содржини