„Очајниот“ Нејмар размислува за преселба во Манчестер

од Vladimir Zorba

Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Нејмар очајно сака да ја напушти Франција во текот на летото и веќе бара план „Б“, пишува „Don Balon“. Според шпанскиот весник, бразилецот веќе разгледува и други понуди, под услов евентуалниот негов трансфер во Реал Мадрид да претрпи неуспех.

Како што е познато, „белите“ се главен фаворит за потписот на напаѓачот, но двата гиганти од Манчестер – Јунајтед и Сити, исто пројавуваат интерес кон него.

Нејмар очигледно веќе ги разгледува неговите можности и размислува дали да се пресели во Премиер Лигата, но Реал сигурно ја води трката.

Сепак тимот од Мадрид не треба да ги потценуваат своите конкуренти во трката, особено Сити, чие раководство без сомнение е способно да фрли луди пари за да си ги обезбеди услугите на Бразилецот.

Во моментов, Нејмар се опоравува од операција на ногата во Бразил. Тој неодамна сподели во социјалните мрежи дека се опоравува добро и се очекува да се врати околу две недели пред Бразил да го започне учество на Светското првенство против Швајцарија на 17-ти јуни.

Слични содржини