Од 1. јули најверојатно се враќа евтината дневна струја

од Nikola Popovski

Од 1-ви јули годинава најверојатно ќе се врати дневната евтина тарифа на струјата. Ова денеска го најави министерот за економија, Крешник Бектеши.

-Заедно со Регулаторната комисија за енергетика работиме во насока за да се врати евтината тарифа, имајќи го во предвид и зголеменото производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија каде пиковите главно се преку ден. Со тоа би можеле да имаме вишоци од мај до октомври, рече Бектеши на брифинг со новинарите пред Влада.

Евтината дневна тарифа беше укината на 1 јануари 2022 година, кога имаше и поголемо зголемување на цената на електричната енергија за 9,48 отсто. Доколку останеше евтината дневна тарифа, ќе требаше да се зголеми цената на струјата за дополнителни 5 отсто, односно зголемувањето ќе изнесуваше 14,23 отсто. Изминатата година граѓаните можеа да користат поевтина струја само во текот на ноќта – од 22 до 7 часот секој ден и во недела цел ден.

Слични содржини