Од 1.000 на 300 евра се намалува максималната награда за извршителите?

од Nikola Popovski

Од 1.000 на 300 евра, ќе се намали максималната награда за извршителот, која можат да ја наплатат при извршување од сметките на граѓаните, напиша денес на својот Фејсбук профил, директорот на ЗОО Скопје, Ѓорѓи Галетановски.

Според него,  Министерството за правда сите измени кои ги подготвува најверојатно ќе бидат готови до крајот на неделава и по итна постапка ќе одат на усвојување во Собранието. Ќе има и опција за отпис на камати и репрограмирање на долгот кај граѓаните. Дури се размислува и за тоа максималната сума при извршување од сметка на граѓаните да се намали на една петина од сегашната една третина од приходот.

На прашање од Локално до министерката за правда, Рената Дескоска за коментар на тврдењата на Галетановски, таа изјави: „До крајот на неделата ќе се знаат конкретните мерки. Сепак тоа се некои од опциите кои ги разгледуваме“.

И.Р.

Слични содржини