Од бурата Себастијан веќе има жртви во Германија

од Vladimir Zorba

Најмалку три лица загинаа денеска во Германија од невремето Себастијан која ја зафати Северна Европа, пренесе Франс прес, повикувајќи се на локалните власти. Ветрови ода 130 км/ч се регистрирани во близина на Северното Море. Невремето минува низ западните и северните делови на Германија и во текот на ноќта ќе се пресели во нејзиниот источен дел.

Две лица загинаа во северната провинција Хамбург и едно во западниот дел на Северна Рајна-Вестфалија. Еден човек со инвалидска количка беше пронајден мртов во реката во Хамбург.

Минувач пак бил турнат од градежно скеле во пристанишниот град што паднало од седмиот кат на зграда, и подлегнал на повредите во болница. Во Брилон, Западна Германија, 53-годишен маж загинал кога врз него паднало 20-метарски дрво.

Неколку германски провинции издадоа предупредувања за будност и ги советуваа своите жители да останат дома. Услугите за спасување постојано интервенирале за да се расчистат патиштата или да се врати електричната енергија.

Слични содржини