ОД КАДЕ ВСУШНОСТ ПОТЕКНУВА КОРОНАВИРУСОТ? Директорот на СЗО ја разбранува јавноста

од Stefanija Kuzmanovska

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, апелираше од Женева до сите земји во светот да не ја политизираат истрагата за потеклото на коронавирусот, бидејќи тоа може да создаде пречки на патот кон откривање на вистината.

– Треба да знаеме од каде потекнува вирусот за да можеме да спречиме појава на инфекција во иднина. Тука нема што да се сокрие: ние сакаме да знаеме од каде потекнува вирусот, и тоа е сè – истакна Тедрос.

Кинеските државни медиуми јавуваат дека вирусот постоел во странство пред да стигне во Вухан, град во централна Кина, наведувајќи дека тој е увезен на пакување за замрзната храна, како и дека научните списанија пишуваат дека вирусот влегол во човечкото тело уште минатата година.

Слични содржини