Одбраната на Грајнер поднесе жалба на судската пресуда

од Stefanija Kuzmanovska

Одбраната на американската кошаркарска ѕвезда Бритни Грајнер, која беше осудена на девет години затвор во Русија, поднесе жалба на судската пресуда, изјави денеска адвокатката Марија Благоволина за „Ројтерс“.

Грајнер, која играше за руски клуб, беше уапсена на московскиот аеродром на 17 февруари оваа година, откако во нејзиниот багаж беше пронајдено масло од канабис, пренесува „Ројтерс“.

На 4 август, рускиот суд ја осуди на девет години затвор, прогласувајќи ја за виновна за поседување и шверц на дрога.

Судот ѝ нареди и да плати парична казна во износ од милион рубљи или 16.000 долари.

Во пресудата беше наведено дека Грајнер прекршокот го сторила намерно.

Таа се изјасни за виновна, но рече дека направила грешка кога ја донела нелегалната супстанција во Русија.

Вашингтон тврди дека Грејнер била неправедно притворена и понудил да ја замени за Виктор Бут, руски трговец со оружје кој отслужува 25-годишна затворска казна во САД.

Слични содржини