Одбраната на Јанева очекува таа да добие домашен притвор

од desk4

Адвокатите на екс шефицата на СЈО Катица Јанева, очекуваат позитивна одлука за замена на притворот со поблага мерка.

Јанева може да добие домашен притвор, откако беше задржана неколку денови во „Жан Митрев“ каде и беше констатирана прединфарктна состојба.

Одбраната смета дека има доволно причини за да се замени притворот со домашен притвор. Како гаранција, Јанева понуди три стана.

Останува Кривичен да се изјасни откако Апелација го врати предметот со објаснување дека тие не требале да го отфрлат предметот, туку да ја оценат основаноста.

Слични содржини