ОДИХР: Често пати имаше семејно гласање

од Nikola Popovski

На денешната прес-конференција, шефицата на набљудувачката мисија на ОДИХР, Тана де Зулуета изјави дека првиот круг од локалните избори поминал во натпреварувачки дух, но потребни се многу промени.

-Локалните изборите беа конкурентни, а основните слободи беа главно почитувани, но бројните недостатоци во правната рамка ја нагласуваат потребата за сеопфатна реформа. Водечките парламентарни партии имаат системски предности, особено во распределбата на јавните ресурси за кампања, вклучително и во медиумите, рече Де Зулуета.

Според неа, бројните празнини во Законот и законските измени направени близу до денот на изборите ја поткопаа правната стабилност и најголемите парламентарни партии уживаат системски предности во распределбата на јавните ресурси за кампањата.

-Доцното спроведување на уредите за биометриска идентификација на гласачи предизвика дополнителни предизвици во спроведувањето на изборите. Повеќето одбори ги надминаа овие проблеми колку што можеа најдобро. Набљудувачите забележаа проблеми со тајноста на гласањето и често пати имаше групно односно семејно гласање што негативно влијаеше на учеството на жените. Постоеја и случаи на мешање во броењето и сите проблеми беа предизвикани од претставници на кандидатите“, изјави Тана де Зулуета.

Слични содржини