Одличен потег на Џерард и фудбалерите на Ренџерс

од Stefanija Kuzmanovska

Раководството на шкотскиот фудбалски гигант Ренџерс во текот на следните три месеци нема да исплаќа плати на стручниот штаб, играчите и членовите на раководниот тим на клубот.


Челниците на клубот соопштија дека среде пандемијата КОВИД-19 страдаат од економски последици поради кои ја одложиле исплатата на платите на членовите на раководството, тренерот Стивен Џерард, неговите помошници и сите фудбалери.

„Кварталното доцнење на платата е одлука донесена со доброволна согласност на секој што тоа го сака и ќе овозможи да се плаќаат плати на персоналот за не-спортска поддршка во клубот. Благодарни сме на тренерот и на фудбалерите за гестот“, се вели во соопштението на клубот од „Иброкс“.

Слични содржини