Одложена дебатата за С. Македонија во бугарското собрание, Милков не се појави

од Stefanija Kuzmanovska

Бугарските пратеници денеска нема да дебатираат за односите со Северна Македонија затоа што министерот за надворешни работи Николај Милков не дојде во Народното собрание поради други обврски.

Расправата за Северна Македонија и, како што беше најавено, последниот физичкиот напад врз бугарски државјанин во Охрид, е тргната од дневниот ред на денешната собраниска седница.

Потпретседателот на бугарскиот парламент Росен Жељазков на почетокот на седницата соопшти дека добиле допис од МНР дека поради службено патување на Николај Милков надвор од државата, дебатата мора да биде одложена.

Предлогот за ставање на оваа точка на дневниот ред на денешната седница беше на барање на партијата Преродба и на собранискатра комисија за политики за Бугарите во странство.

Слични содржини