Одлука на „Пејпар мил“: Вработените до април ќе седат дома и ќе добиваат плата

од Nikola Popovski

Од фабриката за хартија „Пејпар мил” од Кочани денес одлучиле сите вработени да не доаѓаат на работа, но да добиваат редовни плати, кои ќе бидат намалени за 30 отсто.

„Во писмените решенија што ги добивме стои дека работниот однос не ни е прекинат, односно до 1 април ќе останеме дома, а ќе добиваме помала плата. Сметаме дека таквиот потег на менаџерскиот тим е добар, со оглед што нема да ни биде загрозена егзистенцијата. Добивме информација дека на работа ќе бидат повикувани само оние работници кои се неопходни за одржување на опремата во фабриката, но производствениот процес ќе остане запрен, истакнаа работниците кои дојдоа пред фабричкиот круг за да ги подигнат решенијата“, велат дел од работниците.

Додека работниците се на принуден одмор, во „Пејпар мил” очекуваат да пристигне таканаречениот вреќест филтер, што ќе биде инсталиран на оџакот од системот за согорување пелети.

Слични содржини