Одморот завршува: Пратениците се враќаат на работа

од Берта Китинска

Пратениците утре официјално започнуваат со работа по годишните одмори.

Меѓу првите активности во Собранието од утре се очекува да биде продолжување на работата на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата за изборот на уставните судии за да може што поскоро да се пополнат испразнетите места во Уставниот суд.

На последната координација со новинарите претседателот на Собранието за 13 септември ја најави првата нова редовна седница по одморот,Џафери кажа дека Собранието е функционално, а вината за тоа што околу 80 точки останале неразгледани ја гледа во претседателите на комисиите кои не закажуваат седници.

Слични содржини