Актуелно
Почетна / Препорачани / Одобрен првиот лек за лекување на Ковид-19

Одобрен првиот лек за лекување на Ковид-19

Европската комисија го одобри ставањето во промет на лекот Веклури, првиот лек за лекување на КОВИД-19 кај возрасни и адолесценти постари од 12 години со пневмонија чиј третман бара употреба на дополнителен кислород, објави Агенцијата за лекови и медицински уреди ХАЛМЕД.

Веклури, чија активна супстанција е ремдесивир, е првиот лек против КОВИД-19 за кој поднесено барање за одобрение во Европската унија. Евалуацијата на предметниот лек вклучуваше податоци за квалитетот и производството, неклиничките податоци и прелиминарните клинички податоци, како и придружните податоци за безбедноста на употребата од добротворната програма за давање на лекови, наведува ХАЛМЕД.

Одлуката на Европската комисија важи за сите земји-членки на Европската унија.

loading...