Одредена цената на билетите за македонските навивачи кои ќе патуваат во Порто

од Nikola Popovski

Фудбалската федерација на Македонија преку „Mk Tickets“, официјалниот партнер за продажба на билети започнува со продажба на билети за плејоф натпреварот Португалија – Македонија за пласман на Светското првенство во Катар 2022.

Билетите за натпреварот кој ќе се одигра на 29. март во Порто, Португалија чинат по 820 денари, а може да се купат на следниот ЛИНК.

Фудбалската Федерација на Португалија уште вчера објави дека стадионот се распродал за рекордно време, па така Португалците ќе имаат максимална поддршка од 50.000 гледачи. За македонските навивачи следуваат околу 2.500 билети согласно правилникот на УЕФА.

Слични содржини